Карлик Џонс пресече - петта по ред за Партизан

Екипата на Партизан дојде до петтата победа победа по ред и седма сезонава во Евролигата откако вечерва, потешко од очекувањата, славеше на гостувањето кај Алба со 91-90.

Драматичниот дуел беше решен во последните секунди во кои имаше од се по малку, а Алба испушти шанса да ја оствари третата победа сезона во елитното европско натпреварување. Домаќините нешто подобро го започнаа натпреварот и во најголем дел имаа водство, кое најмногу одеше до +5. Сепак, Партизан во вториот дел од четвртината го крена нивото на игра, па во втората четвртина се влезе со нерешен резултат 28-28. Тој добар период на Партизан како да беше најава за она што ќе следи во продолжение од средбата. Со таква игра „црно-белите“ на пауза заминаа со пет поени предност (46-51).

Слична слика на теренот и во третиот период, Партизан не му дозволуваше на гостинскиот состав да дојде до израмнување и го одржуваше водството. Пред крајот на третиот Партизан дојде и до највисоките во натпреварот „плус 10“ со кои и се влезе во одлучувачката последната чтвртина (64-74). Но, избраниците на Жељко Обрадовиќ не успеаа да го задржат тоа темпо на игра и во последниот период од средбата, па дозволија противникот целосно да се врати во игра.

Како што одминуваа минутите Алба се враќаше и во самиот финиш првпат по подолго време поведе (85-84). Од тој момент гледавме драматична завршница во која Алба дојде и до четири поени, но Партизан не се откажа и во последните 30 секунди го врати водството (88-89).

Победата за Партизан ја обезбеди Карлик Џонс со поените при резултат 89-89, но и тоа не помина без драма. За Алба останаа нешто помалку од две секунди, домашните играчи се обидоа да поентираат со „цепелин“, но Маринковиќ го фаулираше Мекормак. Американецот погоди само еднаш и тоа несакајќи, па Партизан успеа некако да дојде до победата.