Капело: Гвардиола се однесува како тинејџер
Капело истакна дека Гвардиола е одличен тренер, но додаде и дека често пати е арогантен и дрзок. Ваквата изјава на Капело доаѓа по реакциите на Гвардиола неодамна во кои Шпанецот ги губеше нервите.
„Гвардиола е одличен тренер и за тоан ема дилеми. Проблемот е што на моменти е непотребно дрзок и арогантен. На моменти имам впечаток дека сака да освои трофеј повеќе од неговите играчи. Кога го гледам ми изгледа како да сака некому да докаже нешто. Манчестер сити во овој момент не ги бележи посакуваните резултати, а тој се однесува како тинејџер кој не може да го контролира карактерот. Можеби го разочараа и неговите фудбалери, но тоа не е причина така да се однесува“, изјави Капело.
На последниот натпревар вчера, Манчестер сити претрпе пораз од Јувентус во Лигата на шампионите со 2:0.