Хојлунд е „џокерот“ на Аморим, Данецот херој за Јунајтед во Чешка! (ВИДЕО)
Во првото полувреме избраниците на Аморим имаа поголем посед на топката, но домаќините знаеа да бидат опасни во нападите. Видовме по некоја прилика на двете страни, но мрежите мируваа.
На стартот од вториот дел следуваше вистински студен туш за гигантот од „Олд Трафорд“ кога Видра погоди за водство на Плзен. Предноста на домашниот состав беше актуелна се до 62. минута кога Расмус Хојлунд стрелаше за израмнување.
Завршницата од натпреварот им припадна на домаќините кои тргнаа по трите бода, а до нив по неколку промашени прилики стигнаа со вториот гол на Хојлунд во 88. минута. Со овој триумф Манчестер јунајтед дојде до петтата позиција на табелата во Лига Европа со 12 освоени бодови.
Победата во терминот од 18:45 часот забележа и Рома која во Рим славеше победа над Брага од 3:0. „Волчицата“ до победата дојде со головите на Пелегрини, Абдулхамид и Хермосо.
ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ:
Хофенхајм - ФЦСБ 0-0
Лудогрец - АЗ Алкмар 2-2
Малмо - Галатасарај 2-2
Олимпијакос - Твенте 0-0
ПАОК - Ференцварош 5-0
Ројал Унион - Ница 1-1