Спектакуларна трка на Ѓуретановиќ – за три секунди го подобри македонскиот рекорд!
Тинејџерот патеката ја исплива за 3:53,05 минути, што речиси три ипол секунди подобро остварување од досегашниот најдобар резултат на Марко Блажевски (3:56,32). Тој квалификациите ги заврши на 40. место во конкуренција на 49 пливачи, што секако нема да го намали неговото задоволство од остварениот резултат.
Ѓуретановиќ минатото лето беше претставник на Македонија на ЛОИ во Париз, каде што не исплива во рамки на своите најдобри времиња и заврши како последен во квалификациите во трката на 400 метри, овој пат во голем базен.