Премиерлигаш подготвил тужба против осмолигаш од Хрватска поради – логото (ФОТО)
Фудбалскиот клуб Јадран-Галеб Кољединац-Кузминец користи грб кој е речиси идентичен со логото на англискиот премиерлигаш Брајтон, кој испратил официјален допис до хрватскиот клуб, во кој бара појаснување за авторските права и наложува отстранување на грбот. Во писмото е наведено дека клубот мора да го промени грбот, но нема да се преземат правни мерки доколку се постапи според барањето.
„Беше упатена, да кажеме, закана, но во суштина писмото завршуваше со барање за промена на грбот, без дополнителни правни последици. Очигледно е дека сега го забележале, иако претходно не реагирале. Затоа, немаше правна основа да не го почитуваме барањето,“ изјави адвокатот Јосип Маѓариќ, кој помогнал грбот да се отстрани од страниците на Жупанискиот и Хрватскиот фудбалски сојуз.
Грбот на Јадран-Галеб бил преземен од Брајтон во 2001 година, кога клубот е основан преку спојување на два локални нисколигаши. Тоа се случило токму во периодот кога Брајтон го освоил шампионатот во третиот ранг на англискиот фудбал. Интересно е што англискиот клуб дознал за хрватскиот преку член на Јадран-Галеб, кој посетил седиште на Брајтон барајќи донација. Наместо тоа, клубот добил официјална жалба за авторски права.