Дури и Хрватите збеснаа по грабежот на сметка на Ц. Звезда во Милано (ВИДЕО)
Мечот го одбележа контроверзната ситуација во 86. минута, кога Тамеј Абрахам го постигна победничкиот гол, а на кој му претходеше спорна ситуација која предизвика бурни реакции во регионот. Дури и хрватскиот коментатор на овој натпревар збесна во знак на револт од одлуката на судијата, па неговите коментари станаа вирални на социјалните мрежи. Тој од самиот почеток тврдеше дека има прекршок врз дефанзивецот на белграѓани, Урош Спајиќ.
„Ова е прекршок! Ова мора да го поништи ВАР. Рацете на Габија, кој постојано игра со раце и нозе, мора да бидат санкционирани. Оваа ситуација не смее да продолжи вака.“
Хрватскиот коментатор истакна уште една спорна акција – повлекувањето на Насер Ѓига пред корнерот, кој му претходеше на голот:
„Погледнете го повлекувањето на Ѓига. И тренерот Владан Милојевиќ, е во право. ВАР мораше да го провери ова. Абрахам го повлекува Ѓига, а потоа Габија го урива Спајиќ.“
На крајот, тој разочарано констатира:
„Ах, го признаа голот за Милан.“
Реакцијата на хрватскиот коментатор ја одушеви јавноста, бидејќи многумина ја делат неговата фрустрација. Тренерот на Црвена Ѕвезда, Владан Милојевиќ, по натпреварот праша дали ова е „оружан грабеж“, со што дополнително ја разгоре дебатата за спорниот момент. Црвена Звезда со овој пораз останува со три бода и минимални шанси за пласман во плејофот.