Ужасна трагедија: Фудбалер на неколку часа пред меч од ЛШ, дознал дека му починал синот!

Напаѓачот на Јанг Бојс, Елија на неколку часа пред натпреварот против Штутгарт во Лигата на шампионите дознал дека починал неговиот син во Конго.

Пред вчерашната пресметка на „Мерцедес Арена“ во Штутгарт, Елија бил известен дека починал неговиот син.

Па тој наместо да истрча на теренот, веднаш се качил во авион, отпатувал во Берн од каде фатил лет за Конго за да биде покрај своето семејство.

Како што информираат од Јанг Бојс, синот на Елија починал неочекувано по кратко боледување.

Синоќа кога Лакоми постигна гол за Јанг Бојс против Штутгарт во 6. минута, голот му го посвети токму на Елија и неговото семејство.