УЕФА го казни Динамо Загреб
Динамо е казнет поради користењето на пиротхника од страна на фановите и во рок од 90 дена ќе мора да и плати на Европската куќа на фудбалот сума од 40.000 евра.
Исто така УЕФА изрече и условна казна за тимот на Адеми и Ристовски, па така ако се повторат ваквите сцени во следните две години ќе биде затворен дел од северната трибина.
Навивачите на Динамо користеа пиротехника и во натпреварот од шестото коло против Селтик, па така не е исклучено да дојде до нова реакција на УЕФА. Динамо до крајот на лигашкиот систем од ЛШ го чека гостување кај Арсенал (22 декември) и домашен натпревар против Милан (29 јануари).