Шкупи ја прекина соработката со двајца фудбалери
Златков пристигна во Чаир во летото 2022 година од редовите на Триглав од Словенија, додека една година подоцна пристигна Пинтер од словачки Вион.
„Ова се нашите први потези во овој период, во следниот период ќе има и други промени за кои ќе ја информираме јавноста“, соопшти Шкупи.
Шкупи по 18 одиграни кола се наоѓа на шестото место во Првата лига со 22 освоени бодови.