„Пума“ во проблем поради Кукуреља: Полоша реклама не можеше да им направи!

Во натпреварите од Премиер лигата викендов на Островот ситуацијата на Марк Кукуреља во дербито со Тотнем предизвика најголемо внимание.

Ќе потсетиме, шпанскиот фудбалер во почетните минути од натпреварот двапати се лизна, а Тотнем тоа го искористи да постигне два гола. Кукуреља имаше среќа бидејќи Челси во продолжение направи пресврт, па неговите грешки не влијаеа на конечната победа.

Но, како што се пренесува на Островот, Кукуреља поголем проблем направил на компанијата „Пума“.

Како амбасадор на „Пума“, Кукуреља имаше можност да го носи моделот „Future 8“ пред тој да биде претставен во јавноста, меѓутоа на крајот ја направи најлошата можна реклама.

За седа биде полош, Кукуреља објави и фотографија од копачките како се фрлени во канта за ѓубре, набрзо ја избриша, но остана забележана. „Пума“ копачките треба да ги престави на Божиќ и моделот би требало да се продава по цена од 220 фунти, но веројатно тешко дека ќе има голем интерес за истите.