Американска пливачка сруши рекорд стар 15 години

Американската пливачка, Гречен Волш во квалификациите на Светското првенство во 25-метарски базени кое започна денеска во Будимпешта постав нов рекорд.

Волш имаше одлична трка на 50 метри делфин и оствари резултат од 24.03 секунди кој е за 35 стотинки подобар од рекордот ко јво 2009 година го постави Терез Алсхмар од Шведска.

Успешна беше Волш и на Олимписките игри кои летово се одржаа во Париз од каде што се врати со две златни и две сребрени медали.