Жирона без Миовски против Ливерпул!

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски нема да биде во комбинација за настап за Жирона за утрешниот натпреварот против Ливерпул.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, Миовски на последниот тренинг се здобил со повреда на глуждот и ќе мора да паузира одреден период.

Засега не е познато за каква повреда се работи и колку време ќе отсуствува.

Натпреварот помеѓу Жирона и Ливерпул се игра утре во терминот од 18:45 часот.