ФИФПро: Реал Мадрид доминира во изборот на тим на годината (ФОТО)

ФИФПро го објави тимот на годината, откако над 28.000 фудбалери од 70 држави ширум светот гласаа за најдобрите играчи во изминатата година.

Дури шест фудбалери на Реал Мадрид, меѓу кои и пензионираниот Тони Крос, се дел од најдобриот тим, а меѓу најдобрите има и четири играчи на Манчестер сити, додека претставник во екипата има и Ливерпул.

Во формација 3-4-3 беа избрани Едерсон на голот, па Карвахал, Рудигер и Ван Дајк во одбрана, Де Брајне, Родри, Крос и Белингам во средниот ред и Мбапе, Халанд и Винисиус во нападот.