ЕХФ прашува: Дали Пелистер ги има најдобрите навивачи во ЛШ? (ФОТО)

Eвропската ракометна федерација, ЕХФ во фокусот на вниманието ги стави навивачите на битолски Пелистер кои се прикажаа во одлично светло во победата на македонскиот шампион против Висла Плоцк.

Импресионирани од атмосферата во Битола очигледно биле и во ЕХФ од каде што на официјалниот профил објавија пост во кој прашуваат дели „Чкембари“ се најдобрите навивачи во Лигата на шампионите сезонава.

Со победата од 21-18 против Висла Плоцк, Пелистер дојде до шест бода со кои е на шестата позиција која обезбеду осминафинале во европската елита. Зад Пелистер е Висла Плоцк со четири бода.