Македонија го завршува настапот на ЕП против домаќинот Унгарија
Ракометарките на Македонија по две одиграни кола освоија само еден бод, и тоа од ремито против Турција, а денеска ќе се обидат да остават добар впечаток и против фаворитот кој нема да настапи во најсилен состав.
Селекторот на Унгарија, Владимир Головин кажа дека се подготвени за Македонија и нема да ја потценат, меѓутоа ќе одмори дел од ракометарките кои планира да ги користи во понатамошниот дел од турнирот.
Натпреварот меѓу Македонија и Унгарија е закажан од 18 часот.