Taжна вест: Почина голманот кој одбрани четири пенали во финале од Лига на шампиони
Станува збор за голман кој е голема легенда во својата земја, а почина на 65-годишна возраст. На Дукадам во септември му беше направена операција на срцето и според информациите починал поради одредени компликации на таа ситуација.
Во Романија Дукадам е познат и како „Херојот од Севиља“. Во финалето во Лигата на шампионите против Барселона во 1986 година успеа да одбрани четири удар во пенал серијата и така да донесе титула за романскиот клуб.
Токму таа европска титула остана и единствената во историјата на Стеауа.