ПСЖ купува соиграч на Адеми и Ристовски за 25 милиони евра?

Фудбалерот на Динамо Загреб, Мартин Батурина во наредниот период би можел да стане нов член на францускиот гигант Пари Сен Жермен.

Гигантот од Загреб повторно би можел да ја наполни касата и добро да заработи од продажбата на свој фудбалер, како што беше случај во минатото. Според последните информации, ПСЖ е спремен да плати 25 милиони евра за услугите на Батурина.

Наводно, францускиот шампион во текот на летото веќе испратил понуда за Батурина која изнесувала 18 милиони евра и таа била одбиена.

Сезонава во дресот на Динамо oфанзивниот фудбалер за врска на 20 натпревари постигна два гола и додаде седум асистенции.