Втор пораз за ракометарките: Едно полувреме беше премалку за изненадување против Унгарија
Едно одлично полувреме во кое бевме рамноправен ривал не беше доволно да се победи една силна селекција каква што имаат Унгарките.
Првите 30 минути донесоа максимално изедначена игра, а Македонија неколку пати имаше водство од еден гол предност, но кон средина на полувремето поведовме и со два гола разлика (8-6).
До паузата домашните ракометарки сепак се вратија и го преземаа водството, па на одмор тие заминаа со водство (10-11).
Во второто полувреме како да истрча друг состав на теренот, нашата игра беше непрепознатлива и тешко доаѓавме до прилика за гол. Првиот гол во второто полувреме го постигнавме дури во 37. минута. Унгарките во тој момент веќе имаа посериозна предност (11:16).
Продолжи подобрата игра на Унгарија и во наредниот период, па набрзо стигнаа и до двоцифрена разлика кога поведоа со 13-23. Тука веќе беше јасно кој ќе слави во натпреварот, па беше прашање само конечниот резултат.
Најефикасна во нашите редови беше Сара Ристовска, а четири постигна Марија Јанкуловска, додека за Унгарките шест постигна Нади Шолози-Шатз. За Македонија не помогнаа и одбраните на Петковска Драгана кои беа осум, една запиша и Мицевска.
Македонија Европското првенство го завршува со еден освоен бод од натпреварот против Турција во минатото коло (25:25), претходно во првиот натпревар бевме поразени од Шведска со 28-18.