Драма во домот на Икарди: Ванда повикала полиција да го исфрли Аргентинецот!
Икарди е во брак со неговата сонародничка Ванда Нара која во еден период од кариерата беше и негов агент. Токму во периодот додека Ванда се грижеше за неговата кариера, Икарди влезе во конфликт со Интер од каде што потоа и замина.
Според последните информации односот на Ванда и Икарди е во криза, а наводно морала да интервенира и полицијата.
Како што се пренесува, Ванда повикала полиција и побарала да го исфрлат Икарди од нивниот дом во Буенос Аирес. Исто така Ванда побарала и детално да се претресе куќата тврдејќи дека Икарди поседува оружје.
Аргентинската полиција влегла во куќата и извршила претрес, но не пронашла ништо. За времето додека траел претресот, Икарди престојувал кај негов пријател.
Во својата кариера освен за Интер и Галатасарај, Икарди го носеше дресот уште на: Галатасарај, ПСЖ, Интер и Сампдорија. На Интер бепше и капитен и за овој клуб постигна 124 погодоци. Не му оди лошо на Аргентинецот и во Турција каде што во минатата сезона стигна до бројката од 33 голови, додека во актуелната се соочува со повреда поради која е надвор од терените.