Швеѓанките одиграа за нас: Македонија го избегна последното место во групата
Нашите ракометарки освоија бод по пауза од 16 години, а денеска Шведска им помогна да го избегнат „фенерот“ во својата група бидејќи ја победи Турција со 47-19. Македонија и Турција имаат по еден бод, но нашата репрезентацијата завршува како третопласирана бидејќи има гол разлика од -20, а Турчинките од -34. На Шведска ѝ беше потребна каква било победа, па и реми, со оглед на тоа што немаше шанса за првото место во групата, но одигра максимално професионалноо и славеше со 28 гола разлика.
Третото место во групата најверојатно ќе ѝ донесе полесен противник на Македонија во квалификациите за Светското првенство на кое ќе се обиде да се пласира првпат по 2007 година.
РЕЗУЛТАТИ - 3. КОЛО
ГРУПА А
Унгарија - Македонија 29-19
Турција - Шведска 19-47
ТАБЕЛА: Унгарија 6 бода, Шведска 4, Македонија и Турција по 1
ГРУПА Ц
Португалија - Франција 16-28
Полска - Шпанија 26-23
ТАБЕЛА: Франција 6 бода, Полска 4, Шпанија 2, Португалија 0
ГРУПА Е
Словенија - Австрија 25-24
Словачка - Норвепка 15-38
ТАБЕЛА: Норвешка 6 бода, Словенија 4, Австрија 2, Словачка 0