Синер ќе биде суспендиран за Ролан Гарос и Вимблдон!?

Италијанскиот тенисер Јаник Синер би можел да биде суспендиран за Ролан Гарос и Вимблдон, дури и ако му биде изречена пократка суспензија од таа што ја предложи Светската антидопинг агенција (ВАДА).

Синер беше позитивен на клостебол во март, но независниот суд го прифати неговото објаснување дека забранетата супстанција стигнала во неговото тело преку масажа која му ја правел физиотерапевтот.

ВАДА се жалеше до Арбитражниот суд и бараше да му биде изречена суспензија на Синер од најмногу две години, а сослушувањето е закажано за февруари, што значи дека Синер ќе може да настапи на Австралијан опен.

Сослушувањето, сепак, се очекува да биде пред Ролан Гарос во јуни, а тоа може да биде голем проблем за италијанскиот тенисер.