Навивачи собраа милион евра за 48 часа и спасија клуб од банкрот!

Минатата недела пристигнаа лоши вести за навивачите на германскиот четвртолигаш Либек, кој објави дека се соочува со банкрот ако во следните 48 часа не собере милион евра.

Клубот јавно побара помош од своите навивачи да помогнат со донации, а фановите веднаш се активираа и го спасија својот тим од пропаст.

„Сензационално, извонредно, иако е тешко да се опише ова со зборови, сепак го собравме милионот. Готово е. Клубот е жив“, соопштија од тимот.