Проблеми за Баерн: Кејн ќе паузира до крајот на декември

Најдобриот стрелец на Баерн Минхен, Хари Кејн се повреди во дербито против Борусија Дортмунд, па поради тоа го чека пауза од неколку недели.

Тренерот на баварскиот гигант Винсент Компани соопшти дека Кејн ќе пропушти неколку натпревари на бундеслигашот.

Првиот меч кој ќе го пропушти е дуелот со Баер Леверкузен во германскиот Куп, а потоа нема да игра најверојатно ниту на дуелите со Хајденхајм, Мајнц, Лајпциг во Бундеслигата и со Шахтер во Лигата на шампиони.