ФФМ: До крај на годината ќе се игра без публика во Првата лига!
Двете последни кола од првиот дел од сезоната, кои се закажани за 3 и 8 декември, во Првата лига ќе се играат без присуство на навивачи на трибините.
„Одлуката на Комисијата за натпревари е донесена поради извршена проценка на Министерството за внатрешни работи заради неодамнешните случувања и спречување на било каков вид на насилство и недолично однесување пред, за време и по одигрување на фудбалските натпревари“, соопштија од ФФМ.