Луда фешта на фудбалерите на Хајдук – Ракитиќ полугол пееше против Динамо (ВИДЕО)

Екипата на Хајдук триумфираше во вчерашното вечно дерби против Динамо Загреб (1-0) на преполниот „Пољуд“, во меч во кој победоносниот гол го постигна Нико Сигур во 54. минута, предизвикувајќи еуфорија на трибините, која продолжи и по последниот свиреж на судијата и тоа по осумминутно продолжение.

Играчите на Хајдук се упатија кон трибината на Торцида заедно да ја прослават победата со навивачите. Тренерот Џенаро Гатузо привлече внимание со својот потег, кога во екот на славјето ја зафати топката и ја шутна кон публиката, дополнително разгорувајќи ја атмосферата. Прославата продолжила до доцна во ноќта, а Иван Ракитиќ се истакнал како главен забавувач. Во интервјуто по натпреварот тој изрази задоволство од тимската игра.

„Одигравме сериозен и квалитетен натпревар. Сите уживаа. Покажавме дека сме посериозен и посилен тим и сосема заслужено победивме. Вечерва ќе се опуштиме малку – и пиво ќе се напие, нема проблем. Но, свесни сме дека нè чека уште многу борба. Утре почнуваме со подготовки за Горица“, изјави ветеранот.

Ракитиќ во вечерното славје дополнително ја подгреа атмосферата кога се качи на маса во клубот каде што се славеше и ја запеа „Шути, мој дјечаче плави“ (види ТУКА). На социјалните мрежи се појавија видеа од него, без маица и со капа во боите на Хајдук, како ја анимира публиката. Во забавата му се придружија и соиграчите Филип Уремовиќ, Шимун Хрговиќ и Марко Ливаја.