Трет пораз по ред за битолчани: Работнички ја продлабочи кризата во Пелистер!
Првата четвртина беше изедначена, но како одминуваше времето Работнички почна да се одлепува, на одморот замина со девет поени предност, беше 43-34 за центарци.
На почетокот од вториот дел дојдоа и до 12 поени предност (48-36), но Пелистер не се предаде, следуваше нивна серија со која дојдоа на само минус еден (52-51). Сепак тоа беше најмногу што направија битолчани, Работнички одигра сигурно до крајот на мечот, особено во финишот од дуелот и дојде до победа од 84-70.
Плутак имаше фантастична партија со 28 поени и 14 скокови, тој беше убедливо најдобриот кошаркар на теренот. Во составот на Пелистер Стајиќ реализираше 20 поени.
Во истиот термин се играше и дуелот меѓу Чаир и Тиквеш кој го добија домаќините со 79-70. Ролинс постигна 20 поени за Чаир, кај кавадарчани Квари даде 24 поени, имаше и 14 скокови.