Ферстапен доминираше во Катар, Холанѓанецот запиша уште една победа!

Макс Ферстапен со одлично возење од самиот старт до крајот победи на трката за Големата награда на Катар која се возеше во Доха.

Во квалификациите Ферстапен ја освои пол-позицијата, но поради казна стартуваше од второто место. На Формула 1 шампионот тоа не му пречеше веднаш да избие на лидерската позиција.

Уште на стартот тој го мина Расел, а потоа доминантно ја контролираше целата трка и прв ја мина целта.

Втор беше Шарл Леклер од Ферари, а место на подиумот имаше и за Оскар Пјастри од Мекларен.

Ландо Норис поради казна трката ја заврши на десеттото место, а меѓу Пјастри и него беа уште Расел, Гасли, Сајнц, Алонсо, Жу и Магнусен.