Ван Нистелрој во живо ја гледаше катастрофата на неговиот нов тим (ВИДЕО)

Екипата на Лестер го претрпе третиот пораз во низа и четврти во последните пет натпревари откако загуби на гостувањето кај Брентфорд со 1-4.

Мечот во живо го следеше и новиот менаџер на „лисиците“ Руд ван Нистелрој кој вчера беше промовиран на функцијата, но не го водеше тимот затоа што немаше доволно време за подготовка. Холандскиот стручњак тешко дека виде нешто што му се допаѓа и веројатно му стана јасно дека му претстои многу работа за да го врати тимот во посакуваната форма.

Единствената добра работа за Лестер беше тоа што поведе преку Буонаноте во 21. минута. Сепак, Брентфорд не само што брзо одговори, туку веќе во 29. минута водеше со 2-1, а до крајот на полувремето веќе имаше два гола предност. Во 59. минута Шаде го постави конечниот резултат и го комплетираше својот хет-трик. За Брентфорд ова е шеста победа во седмиот меч на домашен терен каде се уште не е совладан оваа сезона.

На другите натпревари од попладневната програма во Премиер лигата, Кристал Палас во судиското продолжение извлече бод против Њукасл (1-1), а Нотингем Форест им се врати на победите, совладувајќи го Ипсвич на домашен терен со 1-0.

РЕЗУЛТАТИ
Брентфорд - Лестер 4-1
Кристал Палас - Њукасл 1-1
Нотингем Форест - Ипсвич 1-0
Вулверхемптон - Борнмут 2-4