Анчелоти не може глава да крене: Реал сезонава има повеќе повреди од натпревари
Токму поради таквата ситуација голем дел од навивачите за лошите резултати го обвинуваат кондицискиот тим и докторите.
Имаше Реал проблеми со кондицискиот тренер, но „кралевите“ не се решија да прават промени, но од почетокот на сезоната тренерот Анчелоти не може глава да крене од проблеми со повреди.
Со каква ситуација се соочува италијанскиот стратег најдобро покажува податокот дека Реал Мадрид од почетокот на сезоната има повеќе повреди (26) отколку одиграни натпревари (19).