Гратис влез на дуелот Вардар-Тиквеш за сите што ќе носат македонско знаме!

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар в недела ќе се соочи против Тиквеш од 13 часот во 17. коло од Првата лига, а навивачката група „Комити“ соопшти дека ќе има гратис влез на стадион за навивачите кои ќе носат македонско знаме.

Собирот на навивачите е закажан за недела од 10.30 часот во „Паркот на новинари“, односно на последна 23-ка, спротив Нова Македонија.

„Не е време за седење дома, време е за акција. Во недела, масовно низ скопските улици, а потоа и на стадионот. Упатуваме апел за носење на државното знаме на Македонија, како и за масовно присуство на кортеото и во копот. Гратис влез со македонско знаме. Шалот на врат и знаме во рака. Се гледаме во недела на собир. СТАНИ МАКЕДОНЧЕ, ОВА Е ТВОЈОТ ДОМ“, порачаа „Комити“.