Шести пораз за битолчани во ЛШ: Пелистер загуби на гостувањето во Веспрем

Актуелниот македонски шампион Пелистер загуби на гостувањето кај Веспрем со 26-33 во деветтото коло од ракометната Лига на шампиони (ЛШ).

Пелистер имаше проблеми од почетокот на средбата, а тоа го искористи Веспрем за да отвори со 5-0, по што следеше нова одлична серија на унгарската екипа за предност од 18-7.

Битолчани во завршницата успеаја да врзат серија од три погодоци и повторно да намалат на осум голови негатива пред крајот на првото полувреме.

Веспрем го одржуваше водството и во вториот дел, додека Пелистер се мачеше да ја намали негативата, меѓутоа унгарскиот тим не дозволи изненадување и оствари триумф од 33-26.

Пелистер по девет одиграни кола има четири бодови, додека Веспрем има 16 поени на првото место во групата А.

Најефикасен кај Веспрем беше Косоротов со седум голови, додека Кузмановски постигна шест гола за Пелистер.