Франција ѝ се „истури“ на Полска, Норвешка ја нокаутира Словенија

Француската ракометна репрезентација славеше со 35-22 против Полска, додека Норвешка ја надигра Словенија со 33-26 на стартот на Европското првенство (ЕП).

Ракометарките на Франција доминираа од самиот старт на натпреварот и не ѝ дозволија на Полска да се понадева на некакво изненадување.

Французинките уште во првиот дел го најавија триумфот (18-10), а во вторите 30 минути го потврдија со високи 35-22.

Словенија имаше предност од 3-0 на стартот, но само ја налутија Норвешка која се разигра во продолженија и стигна до плус пет (16-11) на полувремето. Во вториот дел Норвешка продолжи да ја контролира играта и на крајот триумфира со 33-26.