Бетис шокиран од Млада Болеслав, Фиорентина се измачи против Пафос
Калчолигашот постигна гол за водство против Пафос во 38. минута, а потоа Голдар со автогол ја зголеми предноста за Фиорентина.
Јаиро во 68. минута погоди за 1-2, по што за момент ја врати неизвесноста, но Мартинез Кватра стрелаше повторно за предност од два гола (3-1). Пафос во финишот на средбата стрелаше преку Јаја за 2-3, по што домаќинот успешно се бранеше до крајот на мечот и успеа да триумфира.
Бетис поведе со погодокот на Ло Селсо во првото полувреме, иако Млада Болеслав нападна од самиот старт. Притисокот од страна на домашната екипа конечно вроди со плод од 51 до 54. минута кога Војта и Видра стрелаа за 2-1.
Останати резултати:
Лугано – Гент 2-0
Олимпија Милано – Ларне 1-0
Омонија – Легија 0-3
Рапид – Шамрок Роверс 1-1