ОФС Свети Николе го предложи Масар Омерагиќ за нов претседател на ФФМ

Општинскиот фудбалски сојуз Свети Николе го предложи поранешниот фудбалер и екс член на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ за прв човек на куќата на фудбалот.

ОФС Свети Николе одржа вонредно годишно собрание, каде што со едногласна одлука на делегатите, односно 16 гласа „ЗА“, го предложи Омерагиќ за претседател на ФФМ.

Вонредното изборно собрание на ФФМ е закажано за 22 декември, откако претходно Муамед Сејдини реши да се повлече од функцијата претседател на федерацијата на 17 ноември.

Омерагиќ е поранешен фудбалер на Слога Југомагнат и Вардар, а беше дел од фудбалската влада кога претседател на ФФМ беше Харалампие Хаџиристески.

Поддршка за кандидатурата на Омерагиќ досега дадоа и низа македонски фудбалски легенди, предводени од Горан Пандев, Агим Ибраими, Ѓорѓи Христов, Илија Најдоски...