Шортс со 19 поени го водеше Париз до деветти триумф во Евролигата

Македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс одигра одличен натпревар во победата на Париз од 81-78 против Виртус Болоња во 12. коло од елитната кошаркарска Евролига.

Виртус Болоња ја доби првата четвртина со 24-21, меѓутоа Париз во продолжение направи пресврт и стигна до 44-38 на паузата.

Париз ја контролираше играта сè до почетокот на последните 10 минути (77-63), кога влезе во голема криза и долго време не постигна поени, а тоа го искористи Виртус Болоња за серија од 12-0 за да намали на само два поени негатива (75-77).

Шортс и неговите соиграчи, сепак, не дозволија целосен пресврт и го зачуваа водството до последниот звук од сирената (81-78).

Американецот со македонски пасош го заврши мечот со 19 поени, девет асистенции и три скокови, додека најефикасен на паркетот беше Клејбрн од Виртус со 25 поени, три скокови и две асистенции.

Париз во моментов е на втората позиција во Евролигата со девет победи и три порази по 12 одиграни кола.

Останати резултати:

Жалгирис – Басконија 70-83
Алба Берлин – Макаби Тел Авив 85-103
Партизан – Олимпијакос 78-70.