Глупоста скапо чини: Медведев остана и без пари и без бодови
Медведев беше на само три поени од можноста да се врати во мечот кога дојде до бизарниот момент. При резултат 7-5, 5-3 за Ѓоковиќ, Русинот удри по топката по завршувањето на поенот, а таа заврши на трибините и погоди гледач. Иако ударот беше ненамерен, судијата го дисквалификуваше Медведев.
Со дисквалификацијата Медведев остана без бодовите и паричната награда што ги заработи во Пекинг. Со оглед на тоа што полуфиналистите на турнирот требаше да добијат 200 АТП-бодови и 219.295 долари, ова е сериозен финансиски и бодовен удар за Русинот. Уште поважно, Медведев не успеа да ја искористи шансата да ја зголеми предноста во трката за Торино.
Тој моментално се наоѓа во позиција која води на АТП Финалето, но Новак Ѓоковиќ и Алекс де Минор му се приближуваат. Токму затоа исходот во Пекинг е особено значаен. Наместо да ја зголеми предноста со пласман во финалето, Медведев остана без дополнителни бодови, додека Ѓоковиќ со пласманот во финалето направи голем чекор кон Торино.
Дополнителен проблем за Медведев е што борбата за последните места на АТП Финалето станува сè понеизвесна. Де Минор исто така обезбеди финале во Пекинг, откако Хуберт Хуркач го предаде мечот при резултат 6-4, 3-2, па Австралиецот доби нова можност да ја намали разликата.