Драма во Каталонија: Реал Мадрид по продолженија ја совлада Барселона

Шпанското дерби во Евролигата заврши со победа на Реал Мадрид од 97-90 против Барселона во 12. коло од елитната кошаркарска лига.

Драматична борба се водеше од самиот почеток на средбата, а регуларниот дел од дербито заврши 74-74, по што следеше вистински пекол во продолженијата каде што Реал Мадрид на крајот успеа да триумфира со 97-90.

Кевин Пантер блесна на мечот со 27 поени, меѓутоа не можеше сам против разиграните Хезоња и Таварес кои заедно постигна дури 47 поени за „кралската екипа“. Хрватот имаше 23 поени и седум скокови, додека неговиот соиграч запиша 24 поени и 18 скокови.

Реал Мадрид е на 10. место во лигата со шест победи и шест порази, додека Барселона е на седмата позиција со седум триумфи и пет порази.