Манчестер јунајтед со пресврт го победи Бодо, Рома ремизира на гости кај Тотнем (ВИДЕО)

Англискиот гигант Манчестер јунајтед се измачи против Бодо/Глимт, но славеше со 3-2 во петтото коло од Лига Европа, додека дербито меѓу Тотнем и Рома заврши без победник (2-2).

Гарначо по само 49 секунди погоди за предност од 1-0, но пото Евјен и Зинкернагел стрелаа за целосен пресврт на Бодо (2-1).

Хојлунд на истекот на регуларните 45 минути ја затресе мрежата на гостите за 2-2, а потоа на почетокот на вториот дел го постигна својот втор гол за пресврт (3-2).

Тотнем и Рома одиграа возбудлив меч со многу шанси и три голови кои беа постигнати во првото полувреме. Сè почна во петтата минута кога Сон стрелаше за 1-0, а потоа Ндика израмни на 1-1 во 20. минута.

Во продолжение лондонскиот тим притисна и постигна втор гол преку Џонсон, по што Довбик погоди во 55. минута, но голот беше поништен поради офсајд. Меѓутоа, бод за гостите од Рим обезбеди искусниот Хумелс во 91. минута од дуелот.

Останати резултати:

Брага – Хофенхајм 3-0
ФЦСБ – Олимпијакос 0-0
Ференцварош – Малме 4-1
Мидтјиланд – Ајнтрахт Франкфурт 1-2
Ница – Ренџерс 1-4
Реал Сосиедад – Ајакс 2-0
Славија Прага – Фенербахче 1-2
Твенте - Ројал Унион 0-1