Мареска: Џејмс е исплашен, но мора да се бори со повредата!
Џејмс се врати неодамна на теренот, но веднаш се повреди и повторно го чека пауза, а тренерот Енцо Мареска даде коментар.
„Нормално е да биде исплашен. Кога имате повреди на истата нога или мускул, секогаш ви е страв, но Џејмс мора да се бори со повредата“, кажа Мареска.
Англичанецот досега пропушти над 120 натпревари на „сините“ поради сериозните повреди.