Швјонтек падна на допинг тест и доби смешна суспензија

Полската тенисерка, Ига Швјонтек која во моментов е втора на ВТА листата, доби еден месец суспензија откако падна на допинг тест.

23-годишната тенисерка која има освоено пет грен-слем титули беше позитивна на триметазидин. Била позитивна на примерот земен во август оваа година кога била на првото место на ВТА.

Истрагата покажала дека забранетата супстанца се наоѓала во стандардната медицинска терапија која ја земала полската тенисерка.

Поради тоа одлучено е дека таа не е директно виновна за тоа што била позитивна на допинг тестот.

Изречена ѝ е суспензија од еден месец која Швјонтек ја прифатила.