Мик Шумахер го напушта Мерцедес - не сака да биде резервен возач!

Младиот возач Мик Шумахер, кој е син на легендарниот Михаел Шумахер, реши да го напушти поранешниот шампион Мерцедес.

Шумахер на крајот на сезоната ќе ја напушти улогата на резервен возач во Мерцедес, а неговото место од 2025 година речиси сигурно ќе го преземе Валтери Ботас.

Германецот му се приклучи на Мерцедес на почетокот на 2023 година, откако го загуби своето место во Хас на крајот на 2022 година.

Иако го напушта Мерцедес, сепак Шумахер се надева дека наскоро ќе си најде нов тим каде што ќе има улога на прв возач.