Беласица негира дека има нов газда, но потврди дека преговори постојат

Фудбалскиот клуб Беласица преку соопштение информира дека се уште клубот нема нов сопственик, но во тек се преговори со турска компанија.

Пред извесно време се појави информација дека поранешниот фудбалер и коментатор Еврен Турхан ја купил Беласица. Од струмичкиот клуб сега го негираат тоа и велат дека со во преговори со турски инвеститор кој се занимава со градежништво во Турција и вложува во спортски клубови.

„Фудбалскиот клуб Беласица се обраќа до цела спортска јавност во врска со нецелосните шпекулации кои деновиве кружеа на социјалните мрежи во врска со новите сопственици.
Сакаме да ве информираме а и да потврдиме дека преговори се водеа со повеќе турски инвеститори, со имињата на споменатите луѓе на повеќе социјалните медиуми течеа долги преговори, но после се беше одлучено да не се прифатат нивните барања затоа што не одеа во интерес на ФК Беласица.
Во моментов преговорите продолжуваат и клубот се насочи кон тие кои што уште на почеток беа најсериозни и најискрени во нивните намери за ФК Беласица, преговорите се при самиот крај исто така со турски инвеститор кој е сопственик на една од поголемите компании која се занимава со градежништво и е акционер во повеќе спортови и спортски клубови низ Турција.
Сите детали околу официјалното потпишување на договорот ќе бидат наскоро, и ќе бидат споделени најпрво на нашата официјална ФБ страна и нашиот Инстаграм профил“, стои во соопштението на Беласица.