Унгарија и Австрија со триумфи го почнаа ЕП за жени
Ракометарките на Унгарија во Дебрецин беа подобри од турската селекција, откако го добија првото полувреме со 13-8, по што во вториот дел без поголеми проблеми ја обезбедија победата. Кјулбер постигна шест голови за победничкиот состав, додека Искит Чалискан запиша пет погодоци за Турција.
Австрија немаше милост за својот прв ривал, па уште во првото полувреме ѝ даде 17 гола на Словачка во Инсбрук, додека до крајот на мечот продолжи да го зголемува водството до конечни 37-24.
До триумф на почетокот на ЕП стигна и Шпанија која славеше против Португалија со 30-24.