Мареска: Џејмс е исплашен, но мора да се бори со повредата!

Капитенот на Челси, Рис Џејмс се соочува со големи проблеми поради тоа што често се повредува, па поради тоа ќе мора да паузира до крајот на 2024 година.

Џејмс се врати неодамна на теренот, но веднаш се повреди и повторно го чека пауза, а тренерот Енцо Мареска даде коментар.

„Нормално е да биде исплашен. Кога имате повреди на истата нога или мускул, секогаш ви е страв, но Џејмс мора да се бори со повредата“, кажа Мареска.

Англичанецот досега пропушти над 120 натпревари на „сините“ поради сериозните повреди.