Почнува да се тресе столчето на Луис Енрике, ПСЖ има ултиматум за него!
По пет одиграни кола во Лигата на шампионите, ПСЖ има дури три порази, само една победа и едно реми. Францускиот клуб се наоѓа на 25. позиција на табелата која носи елиминација.
Информациите од Франција велат дека ПСЖ ќе му даде отказ на Луис Енрике доколку тимот не се пласира во нокаут фазата од Лигата на шампионите. За тоа е потребно да е меѓу првите 24 на табелата.
ПСЖ веќе ги разгледува потенцијалните замени за Луис Енрике, прв пик е Зинедин Зидан.