Вардар го засили стручниот штаб – Милано си донесе помошник од Норвешка!

Двојниот европски ракометен шампион, екипата на Вардар, го засили својот стручен штаб со ново име, додавајќи го Аугустин Франциско Бу како асистент кој ќе му помага на главниот тренер, Гиљермо Милано.

Тој пристигнува од Норвешка, каде што беше дел од стручниот тим на Колштад, младинскиот шампион на таа земја, а исто така соработуваше и со тимот на Бјасен како аналитичар на податоци. Бу има значително искуство со аргентинската репрезентација, со која работеше минатата година, анализирајќи податоци и тесно соработувајќи токму со Милано.

Новиот асистент на Вардар веќе неколку недели е во Скопје и активно учествуваше во подготовките за натпреварите против Алкалоид и Мелсунген – дуели што „црвено-црните“ успешно ги минаа. Со оваа засилување, стручниот штаб на Вардар сега е комплетиран. Покрај Бу, дел од тимот е и Стојанче Стоилов, кој продолжува да го поддржува Милано од клупата.