Фудбалерите на Шкендија ја славеа независноста на Албанија - дури и странците „летаа орли“ (ФОТО)

Национализмот и одбивањето да се прифати реалноста за настап во држава што се вика Македонија продолжи и со потегот на фудбалскиот тим Шкендија, која денеска на социјалните мрежи испрати честитка по повод Денот на независноста на – Албанија.

„Со срце и со раце за Албанија“ е пораката која ја испраќаат тетовци и тоа со фотографии на кои се гледа како играчите „летаат орли“, што според многумина е симбол на иредентистичките албански претензии за туѓи територии во регионот. Интересно е што и дел од странците се фотографирани во ваква поза, иако сигурно немаат поим што и зошто го прават тоа.

Претходно, навивачите на Шкендија и Шкупи имаа иредентистичко шоу на вчерашниот меѓусебен дуел на овие два тима во Тетово (види ТУКА), а слично беше и на кошаркарскиот турнир „Независност“ во Чаир, каде што доминираше албанската иконографија, а домаќинот дури се дрзна наместо македонски да викне косовски судии (види ТУКА).