Лампард има нов клуб - прв по 18 месеци
На позицијата, тој ќе го замени Марк Робинс кој седум години беше на клупата на овој тим. Воедно, Лампард е прв менаџер, назначен од новиот сопственик на клубот Даг Кинг кој го презеде Ковентри во јануари 2023 година.
За поранешниот играч од средниот ред, Ковентри ќе биде четврти клуб во кариерата, а прв по пауза од 18 месеци. Кариерта ја почна во Дерби Каунти, потоа го водеше Евертон и два пати Челси каде го имаше последниот ангажман, во мај 2023 година.
Своето деби на новата функција, Лампард ќе го има в сабота кога 17-пласираниот Ковентри ќе го пречека Кардиф.