Милиметри го спречија Јувентус да слави во Бирмингем (ВИДЕО)

Во некое други времиња, веројатно Јувентус ќе си заминеше со победа од гостувањето кај Астон Вила.

Со гол-технологијата тоа не се случи и покрај тоа што изгледаше дека во 65. минута од синоќешниот меч на Вила Парк, Консеисао со глава го совладал Емилијано Мартинез. Главниот судија Хесус Хил Мансано веднаш сигнализираше дека топката не ја поминала гол-линијата, а подоцна тоа беше потврдено и со анимација.

Излезе дека во прашање биле само неколку милиметри, а топката мора со целиот обем да биде зад линијата за да се смета дека е постигнат гол.