Миовски во тимот на колото – само еден фудбалер во Шпанија бил подобар од него (ФОТО)

Македонскиот репрезентативен напаѓач, Бојан Миовски, викендов блесна со извонреден настап во дресот на Жирона, постигнувајќи два гола и асистенција во победата против Еспањол (4-1), што го означи како негов најдобар натпревар откако пристигна во шпанскиот клуб.

Ваквата импресивна игра му донесе место во тимот на колото во шпанската Ла Лига, каде што доби втора највисока оценка меѓу сите избрани играчи. Македонецот со оцена од 8,91 заостанува само зад соиграчот Хил, кој доби највисок рејтинг од 9.1.

Во идеалниот состав на колото се најдоа уште двајца играчи на Жирона, Ван Де Бек и Крејчи, како и тројца од Реал Мадрид (Рудигер, Валверде и Винисиус), двајца од Валенсија (Дуро и Рарега), и по еден од Атлетик Билбао (Сансет) и Барселона (Пења).